Другите обвинети за 27 април јавно на судење им дадоа поддршка на пратениците кои гласаа ЗА

На продолжението на судскиот процес против повеќемина обвинети за настаните на 27 април минатата година во Собрание на РМ, останатите обвинети им дадоа поддршка на нивните ,,колеги“ од процесот, пратениците од опозицијата кои гласаа ЗА уставни измени.

Во име на обвинетите Вилијам Михајловски стана и рече:

„Сакаме да им изразиме поддршка на храбрите пратеници кои гласаа за уставните измени“.

На ова тој доби опомена од судијката Добрила Кацарска која му го одзеде правото на збор.

Претходно, пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Сашо Цасилевски и Љубен Арнаудов, пред да седнат на столчето во судница, рекоа дека никој не е предавник и дека сите сме едно семејство кое заедно треба да чекори кон ЕУ и НАТО:

-Сите заедно го напишавме писмото, анализирајте ја декларацијата и ќе видете дека има паметни луѓе кои и сакаат добро на Македонија. Никој не е предавник. Не е точно дека ни се нудени пари, ништо не е ветувано, рече Арнаудов.

Фото: Радио Слободна Европа