ДУИ гледа предност во останување во опозиција со поддршка на малцинска Влада

Членството гледа предност во останување во опозиција со поддршка на малцинска Влада заради фактот да се овозможи  секој што имал сомнежи во работата на ДУИ сите овие десет години да може да го направи тоа без да биде попречен од учеството на ДУИ во Владата-изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи за време на одржувањето на состанокот на Централно претседателство на ДУИ.  Веројато мислејќи на истражните постапки што ги води СЈО за периодот кога беа во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, иако ова не го кажа експлицитно.

Османи нагласи дека услов за поддршка и на малцинска Влада ќе биде гласањето на договорениот Закон за употреба на албанскиот јазик.

Втората опција е заедничка Влада со СДСМ, помалку веројатна, но и таа е условена со истиот предуслов-гласање на Закон за употреба на албанскиот јазик.

Османи изјави дека одлука не е донесен и дека консултациите внатре во партијата ќе продолжат и наредните денови.

АКО.мк