ДУИ демантира дека престрелката и убиството во Мала Речица имаат врска со нив

– Целосно ги демантираме како неточни информациите дека денеска во Демократската Унија за интеграција имало било каков инцидент. Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорнност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција – соопшти ДУИ.

Попладнето во Мала Речица, во близина на сдиштето на ДУИ е убиен Наим Реџепи од село Белановце, кумановско, а уште едно лице е тешко повредено.

МВР потврди дкеа  околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во с.Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв. Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало. Приведени се две лица, велат од МВР.