ДУИ едногласно прифати да стане дел од нова Влада предводена од СДСМ

Без да ја спомене Платформата на партиите на Албанците која беше услов ДУИ да стане дел од коалицијата со СДСМ, во официјалното соопштение партијата објавува дека целосно ја презема одговорноста како парламентарно мнозинство и дел од новата Влада која ќе ја предводи СДСМ..
,,На синоќешниот состанок, освен барањето упатено до г.Иванов за повлекување на неговата анти-уставна одлука, Централното претседателство на Демократска Унија за Интеграција реши едногласно и во согласност со очекувањата на нашите гласачи, граѓаните како и нашите пријатели од меѓународната заедница да стане дел од парламентарното уставно мнозинство за формирање на новата реформска влада, кохезивна и дел од интегративниот процес на Македонија.
Освен претходната поддршка изразена преку обезбедување на потписи од 10 пратеници на ДУИ за земање на мандатот за формирање Влада, синоќешната одлука подразбира и означувањето на Демократската Унија за Интеграција да стане дел од новото парламентарно мнозинство во Собранието на Македонија и избор на нова реформска влада, во духот на Охридскиот Договор и посветена на владеењето на правото и интеграцијата во НАТО и Еворската Унија.
Оваа наша одлука за превземање на целосна институционална и владејачка одговорност е во целосна согласност со очекувањата на граѓаните и довербата дадена на сите парламентарни избори уште од 2002 година па се до последните избори.
Албанските граѓани изразија поддршка за нашата изборна програма која има за цел еднаквост, правда, економска интеграција и развој, што нас не прави силни и ние имаме демократска обврска волјата на гласачите да ја реализира преку спроведување на нашите заложби и договорот склучен со граѓаните.“