ДУИ најавува дека е можно коалицирање и со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ

Официјализирањето на албанскиот јазик, продолжувањето на мандатот на Специјалното обвинителство и забрзувањето на процесот на евроинтеграции, се клучните точки за кои ДУИ нема да преговара со ниту една партија, туку тие се услов.

Во соопштението по Централното претседателство се вели дека ДУИ ги утврди целите како услови кои не можат и нема да бидат предмет на преговарање со ниту една партија:

– Рамноправна употреба на службениот албански јазик

– Интеграцијата во НАТО

– Интеграција во ЕУ .

Исто така, од оваа партија нема јасен стратешки партнер, туку тие повторија како и пред седницата, дека се разгледува можно коалицирање со ВМРО ДПМНЕ или СДСМ , без да се фаворизира ниту едната од нив.

„ДУИ нема стратешки партнери и преференции за ниту еден македонски политички блок, туку останува партнер со албанскиот народ. ДУИ ги става интересите за зачувување на стабилноста на земјата пред партиските интереси.

Еве што стои во соопштението од ДУИ:

Централното претседателство на ДУИ ги донесе следните заклучоци:

– ДУИ нема префериран партнер во македонскиот политички блок;

– Интересот за одржување на стабилност на државата го става над партиските интереси и калкулации;

ДУИ ги утврди целите како услови кои не можат и нема да бидат предмет на преговарање со ниту една партија:

– Рамноправна употреба на службениот албански јазик

– Интеграцијата во НАТО

– Интеграција во ЕУ и

– Продолжување на мандатот на СЈО со цел расветлување на сите сомнежи кои произлегуваат од мегаскандалот со прислушувањето.

Консултациите во партијата продолжуваат се до завршувањае на процесот на донесување конечна одлука.