ДУИ најавува нови средби меѓу Ахмети и Заев

ДУИ по средбата на нивниот лидер Али Ахмети со претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека средбите меѓу двете страни ќе продолжат. Во соопштението се вели:
,,Претседателот ДУИ, Али Ахмети, се сретна со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на СДСМ Заев по предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година.
На средбата начелно се разговараше за ставовите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања.
Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста благовремено ќе биде информирана.”-(соопштение нa ДУИ)