ДУИ најавува целосно реформирање и преиспитување на работата на сите функционери

На последниот состанок на Претседателството на ДУИ, каде што беше одлучено да се побара од г.Иванов да ја повлече неговата анти-уставна одлука како и да станеме дел од парламентарното уставно мнозинство за формирање на новата реформска Влада, кохезивна и дел од интегративниот процес на Македонија, се разговараше и за потребата од транспарентно реформирање на сите нивоа и структури на ДУИ.
Уште од нејзиното основање, како наследничка на ОНА, до денес, ДУИ и Али Ахмети се појавиле како победници во секоја изборна трка освојувајќи ја довербата и одговорноста од апсолутното мнозинство на Албанците во земјата.
Довербата на граѓаните за спроведување на изборните ветувања е остварено со речиси непрекинато учество во сите надлежности, што има придонесено  партиските експоненти да станат предмет на постојана критика, но, исто така, бескрупулозни клевети, кои вклучуваат неаргументирани обвиненија за корупција, небулозни за национално предавство, дури и бесмислени обвиненија за убиство.
За нас, довербата на граѓаните за претседателот Али Ахмети и Демократската Унија за Интеграција е над се и затоа, за обелоденување на целосната и единствена вистина, ДУИ останува, бара и ќе се ангажира за длабоко истражување на активноста на секој функционер од 2002 година до денес и пренесување на одговорност за евентуални злоупотреби на партиската доверба и службената должност.
Убедени во нашата активност, овој чекор го покажува цврстиот ангажман за обелоденување на вистината и иницијативата за реформи за стабилност и продолжување на ДУИ како национална вредност, преку правно и институционално отстранување на сите сомнежи, но, исто така, и постојаните тенденциозни клевети обратени кон ДУИ.