ДУИ не е на  иста линија со досегашниот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ по прашањето за „десоросоизација“ на Македонија. Додека од ВМРО најавуваат дека почнала ваквата епоха, од ДУИ велат дека имаат добра соработка со невладиниот сектор и Фондацијата „Отворено општество“. Не споменувајќи го директно ВМРО, од ДУИ порачуваат  дека државните органи треба да се занимаваат со можните сомнежи од аспект на финансирањето на невладините организации, а не со нивната дејност.

ДУИ за АлсатМ:
„НВО треба да имаат можност слободно да работат. Истото се однесува и на Фондацијата Отворено општество (Сорос). Државните органи треба и ќе реагираат само доколку постојат сомневања околу изворите на финансирање или доколку нивната дејност е спротивна на законот. ДУИ ќе продолжи да има коректна соработка со невладиниот сектор во земјава.“

Наспроти ваквиот став, ВМРО ДПМНЕ води хистерична хајка против Сорос. Секојдневно бомбардираат со соопштенија, снимени емисии против американскиот милијардер Џорџ Сорос кои се емитуваат синхронизирано на Јавниот сервис и на приватни телевизии. Станува збор за истите емисии. Потоа, ангажираните така наречени аналитичари секој ден се на тв екраните со пропагандни изјави против Сорос и НВО. Од партијата ВМРО ДПМНЕ издаваат соопштенија со кои највуваат десороизација на Македонија,а Сорос и СДСМ , како и според нив платени новинари, елсперти , професори ги прогласуваат за најголеми душмани на македонштината, на новинарството, на се!

Врв на хајката против Сорос  се протести организирани со неколкумина иселеници кои живеат во Америка. Тие првин пред Трамп тауер побараа од Доналд Трамп да го спречи Џорџ Сорос да ја уништува Македонија, а потоа протестираа и пред седиштето на некои тв куќи. Медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ го сатанизираат Џорџ Сорос до таа мера што го нарекуваат луцифер, комунист-соросоид, најголемото зло што се појавило во светот и сл.