ДУИ не донесе одлука за коалиција со ВМРО ДПМНЕ

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи изјави дека претседателството на ДУИ вечерва не донесе одлука за коалиција со ниту една партија до овој момент. Тој не сакаше во ниту еден момент да изговори дека тоа значи дека ја одбиле коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, туку на новинарите им повторуваше дека интерпретациите им ги остава ним.

Османи рече дека членовите на претседателството на партијата утврдиле дека им се потребни уште денови и аргументи за да донесат одлука за коалиција. Ова сега што го имаме не е доволно, изјави Османи.

Тој рече дека веќе од утре ги продолжуваат разговорите со сите политички партии и сите опции се отворени.

Практично ова значи дека пропаднаа обидите и преговорите за коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, а лидерот на партијата Никола Груевски утре треба да го врати мандатот на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, бидејќи не успеа да состави Влада во уставниот рок од 20 дена.

 

ако.мк