ДУИ одлучи да ги достави своите потписи на СДСМ за добивање мандат за Влада

Централното претседателство на ДУИ доцна вечерва донесе одлука да ги достави своите потписи до СДСМ и да му овозможи на Зоран Заев да побара мандат од Претседателот Ѓорге Иванов за состав на Влада.

По ова, како што дознаваме, ДУИ ќе заседава и во текот на викендот, а во понеделник ќе ја објави својата одлука дали ќе оди во Влада со СДСМ или ќе ја поддржи малцинската Влада што тие ќе ја направат.

Утре во 12 часот социјалдемократите закажаа Централен одбор на кој ќе ги договорат и објават наредните чекори за формирање Влада

АКО.мк