ДУИ предлага закон за официјална употреба на албански јазик

Предлагаме посебен закон кој што ќе го регулира прашањето на употреба на албанскиот јазик како рамноправен со македонскиот, а со тоа Македонија нема да загуби ништо, туку ќе стане уште посилна држава-рече носителот на листата во ИЕ 1 артан Груби од ДУИ на прес конференција.

Официјална употреба на албанскиот јазик, е еден од столбовите на програмата на Демократската унија за интеграција, рече Груби. Предлагаме посебен закон кој што ќе го регулира оваа прашање, изјави Груби и додаде дека, тој ќе доведе до целосна еднаквост на албанскиот со македонскиот јазик. Иако македонскиот општествен наратив, рече Груби, беше драматичен во врска со промените на уставот, во врска со законот за амнестија, законот за територијална поделба, децентрализацијата, употреба на албанскиот јазик во многу државни и локални органи, вработувањето на околу 25.000 албнаци во администрацијата, како и многу други национални програми на ДУИ, ништо лошо не се случило ниту на Македонија, ниту на македонскиот народ. Напротив, нашето општество, вели, стана еднакво, потолерантно и покохезивно, и како резултат на овие прокети Македонија добила кандидатски статус за ЕУ и Македонија е успешен пример за имплементација на мировен договор.

Според Пиштар Љутфиу, тоа што го ветувала Демократската унија за интеграција тоа и го реализирала. Ветивме дека ќе се отвори Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, со 5 факултети, и осигура 84 работни места за академскиот кадар и ректорат кој се наоѓа во центарот на градот Скопје, со сите потребни услови за функционирање на унивезитетот, рече Љутфиу. Денес ветуваме дека политиките на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети, го продолжува патот за спроведувањето на овој голем историски проект, додаде Љутфиу.