ДУИ седи на две столчиња

ДУИ, како и многу пати досега, направи маневар при гласањето, така што не поминаа предложените измени на Закон за СЈО и за заштита на сведоци. СЈО бараше да се продолжи неограничено периодот за истражни дејствија.

Порталот НоваТв го објави листингот од кој се гледа кој пратеника како гласал.

stenogram stenogram2 stenogram3

Може да се види дека за измените за Законот за СЈО, 4 пратеници од ДУИ гласаа ЗА, додека 8 се изјаснија ЗА за измените за заштитени сведоци. Иако Џафери претходно за НОВА најави дека ДУИ ќе ги поддржи измените на законите кои ги побара Јанева, со неприсуството на дел од пратениците на ДУИ, тие не ги поддржаа целосно законските измени.

Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, рече дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од СЈО и не сакаат да бидат завршени истрагите и затоа одбиваат да гласаат за измените. Според него, пратениците станале помагачи на криминалот, а гласањето на ДУИ е само алиби.

„Незадоволството на ВМРО-ДПМНЕ од специјалниот јавен обвинител е бидејќи тие имаат што да сокријат. „Држете го крадецот“ е синтагма со која низа години функционира ВМРО-ДПМНЕ. Ако се чисти и стојат на зборот кој го дале, зошто не гласаа за овие предложени закони“, праша Шилегов.