ДУИ ќе биде дел од Влада предводена од СДСМ

Поддршка на новото мнозинство за формирање на Влада, предводено од СДСМ, и учество на ДУИ во новата влада, ова се одлуките на Централното претседателство на ДУИ, изјави вечерва портпаролот на партијата Бујар Османи.

„Го повикуваме Претседателот Ѓорге Иванов , во согласност со Уставот и во согласност со неговите сопствени барања, да го додели мандатот на новото парламенатарно мнозинство со 67 потписи. Иванов и партиите да бидат внимателни во нивните изјави  за да не се загрозува иднината на Македонија. ДУИ сака да информира дека давањето потписи за Влада подразбира и поддршка за новото парламенарно мнозинство  во духот на Охридскиот договор и интергацијата во НАТО и во ЕУ. Нашето учество е одраз на волјата на албанскиот народ и има за цел исполнување на ветеното за време на изборите.ДУИ уште еднаш нагласува дека Декларацијата на партиите на Албанците  е направена и потпишана во Скопје и е резултат на програмите на тие партии во земјава. Таа не задира во Уставот, законите и е во согласност со Охридскиот рамковен договор. Исто така, декларацијата е стратегија за равој на земјата и движење кон евро-атлантскиот пат. Декларацијата не ја задира ниту унитарсноста на државата“- рече Османи.