ДУИ ќе условува формирање Влада со премиер Албанец, задолжително изучување на албански јазик за сите и гласање со Бадентер во Влада

,,Ние не сме од вчера за да ветиме нешто што не можеме да го оствариме“, рече вчера во интервју за К5, Бујар Османи од ДУИ.

Тој на својот ФБ профил нотираше 10 барања како услов за формирање на идната Влада, со оглед на тоа дека, според него, без ДУИ нема да може да се формира.

Ова се условите на ДУИ за формирање на новата влада:

  • Прв премиер Албанец
  • Основање на Висок суд за еднаквост (во првите 100 дена од новата Влада)
  • Промена на Законот за Владата зсоадолжително гласање со Бадентер(двотретинско мнозинство) за капитални инвестиции (во првите 100 дена)
  • Промена на Законот за основно образование за задолжително изучување на албански јазик од петто одделение за сите ученици во земјата (во првите 100 дена)
  • Донесување на Закон за задолжителен ветинг во сите јавни институции (првите 100 дена)
  • Изготвување на Закон за покривање на 50% од придонесите, 3 години по ред, за вработување во секое приватно претпријатие, доколку со тоа вработување се подобри правичната застапеност(на Албанци) (100 дена)
  • Дефиниција за минимална плата од 600 евра за наставници и медицински сестри (100 дена)
  • Двајца директори со врзани потписи за изградба на патишта и други капитални и инфраструктурни објекти(100 дена)
  • социјална пензија за жени кои немаат ниту еден ден стаж (100 дена)
  • Најмалку една плата во секое семејство (идентификување на семејства без никаква примања)

Бујар Османи најави дека ДУИ нема да отстапи од овие свои барања и дека тие ќе бидат услов за нивно учество во иднаата Влада.