Дури 6 дена по новата година во Берово се роди бебе

Првороденото дете во Берово во 2019 година се роди на 6 јануари неколку часа по полноќ. 

Во Здравствениот дом во Берово, четири часа по полноќ, на 6 јануари (Бадник), мајката Јулија Новоселска, на свет го донесе првиот жител на Општина Берово за 2019 година.

Бебето е машко, тешко 2.550 грама и 48 cm долго.

Градоначалникот Пекевски, ги посети бебето и родилката во родилиштето во Берово и додели   6.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, за првородено дете на територијата на Општина Берово во 2019 година .

,,Им порачувам на младите, оваа година, да биде година, во која ќе ги прошируваат своите смејства. Во традиционалното семејство, децата се најголемо богатство. Зголемувањето на наталитетот е приоритет на локалната заедница, која подржувајќи ги владините политики ги стимулира и помага многудетните семејства.”- истакна Градоначалникот Пекевски.

Источна Македонија се соочува со намален наталитет со години назад. Исто така, голем број млади заминуваат во странство и ги напуштаат своите родни огништа.