Дурловски: Враќањето на сцената беше најважен ден во мојата кариера, им благодарам на колегите

,,Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов се што чував во себе, а добив исто така СЕ!
Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ“-напиша оперскиот пејач Игор Дурловски, кој по подолга пауза зараи апсењето и приворот, вчера настапи на сцената на МОБ.

Дурловски настапи на Мајски оперски вечери во операта „Турандот’ на сцената на Македонската опера и балет,  а на сцената доживеал овации и скандирање од публиката.

„Игор, Игор“ ечеше во МОБ, раскажуваат дел од присутните .