Д-р Арификмет Деари од Тетово почина од Ковид 19

Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека во ковид центарот ,,8 септември“ почина првиот доктор од Ковид 19 во Македонија.

,,Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.

Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство.

Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“-напиша Филипче.