На последниот Саем на книгата присуствуваа неколку ексклузивни гости чиишто дела Арс Ламина ги преведе токму за оваа манифестација. Сите тие гостуваа и во проектот „Астрорум“.

Меѓу нив, особено големо внимание предизвика присуството на легендарниот сараевски музичар и хуморист д-р Неле Карајлиќ чијашто биографија „Фајронт во Сараево“ стана една од најчитаните книги на целиот простор на поранешна Југославија. Неговото гостување во „Астрорум“ ги обедини и неговите долгогодишни фанови, но и новите генерации кои само слушале за едно волшебно време на југословенскиот рокенрол. Оваа средба во книжарницата Литература.мк ќе се прераскажува уште долго, а вие кои не бевте лично присутни на неа сега ќе можете да го погледнете снимениот разговор со Карајлиќ кој го направи нашиот уредник Бранка Костиќ Марковиќ и да ја купите неговата книга со попуст од 15 проценти.

Ненад Јанковиќ (Сараево, 1962), познат по својот прекар доктор Неле Карајлиќ е југословенски и српски рок музичар, композитор, глумец, писател и телевизиски режисер, кој во текот на 80-тите години на минатиот век беше пејач на популарната група „Забрањено пушење“ и глумец и сценарист на култната телевизиска серија „Топ листа надреалиста“. Во 1992-та година, после пламнувањето на војната во Босна и Херцеговина, тој бега во Белград кадешто продолжува да работи со својата група, но во сменет состав. Автор е на музиката на Емир Кустурица „Црна мачка, бел мачор“ и е основач на правецот „Нов примитивизам“.

Намалувањето ќе трае во текот на оваа седмица (од 27.02.2018 – 5.03.2018), во сите наши книжарници.

Извор-blog.literatura.mk