ЕБР во Куманово сака да го уапси началникот Величковиќ

Величковиќ пред малку качен на еден автомобил им се обрати на насобраните граѓани и побара од нив да си заминат, затоа што дојдените полицајци рекле дека немаат намера да го уапсат, туку да земат некои материјали за кои се сомневаат дека се дел од изборна измама. Тој рече дека сето ова е во режија на Митко Чавков и Марко Зврлевски.

Претходно, специјалци на МВР дојдоа во дворот од куќата на кумановскиот началник на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ.

Според изјавите на насобраните граѓани  пред неговиот дом, специјалците влегле во дворот за да го уапсат началникот, но никој не знае да каже зошто ЕБР сака да го приведе началникот кој беше поставен од Оливер Спасовски.

– Специјалците пред половина час пристигнаа пред неговиот дом, каде и се собравме во голем број за да не дозволиме да го приведат. Тука има и Македонци и Албанци, и партиски и непартиски луѓе, и нема да дозволиме да биде уапсен без да дознаеме зошто и под кое обвинение, вели еден од граѓаните кој исто така протестира пред домот на Величковиќ. 

Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање на чело на МВР.

 

 

Извор Кумановски муабети