Еден пожарникар е евакуиран од колегите со кои заедно гасеа пожар во стан во населбата Кисела Вода.

Пожарникарот има мали повреди на телото, најверојатно изгореници и прекумерно вдишување на чад.

Тој веднаш беше згрижен од медицинска екипа.

Според нашите информации од терен, децата се изнесени од станот што се наоѓа над опожарениот и се на безбедно, но се води битка за евакуација на една 80 годишна жена.

Околу 14 часот избувна голем пожар во стан во Кисела Вода на ,,Народни херои“ 23. Еден стан е целосно изгорен, а неколку се опожарени, но таму е спречена поголема трагедија.

Фото и инфо: Силвана Бркуљан