Евентуалното прегласување би било на 25 декември

Незадоволните од одлуката на ДИК за поништување на гласањето во избирачко место во Гостивар имаат 48 часа да вложат приговор во Управен суд, кој откако во законски рок ќе го разгледа и донесе одлука, го враќа решението назад во ДИК. Одлуката на Управен суд е конечна. Доколку ја потврдат одлуката на ДИК, потоа членовите на ова тело по извршената симулација дали со прегласувањето ќе има евентуална промена на мандатите носат одлука за прегласување. Законски евентуалното прегласување треба да се спроведе на 25 декември.

Инаку,со 7 гласа ЗА и два ПРОТИВ, ДИК го усвои приговорот на Беса за фалсификат потписот на Фатиме Сулејмани. Тоа значи дека гласањето на избирачко место 0396/11 се поништува. За ова ќе бидат известени политичките претставници кои имале пратенички листи во оваа ИЕ, но дали ќе се прегласува ќе се знае откако ќе се утврди дали резултатот ќе има влијание на конечната бројка освоени мандати.

Графолошкото вештачење покажа дека потписот во избирачкиот список на Фатиме Фетаи од Гостивар е лажен. Членот на ДИК од СДСМ побара да се поништи гласањето на тоа избирачко место, а повика согласно законот Јавното обвинителство да поведе постапка.

Пред членовите на Државна изборна комисија вчера сведочеше Фатиме Сулејмани која беше посочена од Беса како гласач на кој не му било дозволено да гласа, бидејќи во нејзино име веќе некој гласал. Таа потврди дека кога дошла на своето гласачко место 0396/11 во Гостивар и било кажано дека веќе гласала.

Во меѓувреме пред ДИК се одржуваат гласни и бучни протести на поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ кои вршат притисок врз членовите на ДИК.