Означувајќи го официјалниот почеток на скрининг процесот на Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, еврокомесарот Јоханес Хан, присуствуваше на седница на Влада на РМ.

На 79-тата седница на Владата на Република Македонија, единствена точка на седницата е Информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

Со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, започнува техничкиот дел на процесот на скрининг. Со овој процес се оценува нивото на подготвеност на земјата за водење на преговорите со ЕУ. Се очекува реформите во судството да бидат најтешки за спроведување.

 Европската комисија ќе подготви распоред за поглавјата кои ќе се отвораат, а македонските институции треба да ги обезбедат бараните податоци. Хан пред неколку дена изјави дека скринингот значи проверка на состојбата со владеење на правото и поглавјата 23 и 24 но пред тоа ќе го дефинираат целиот патоказ и ќе назначат координатор за скринингот.