Еврокомесарот Јоханес Хан ќе разговара за политичката криза во Македонија

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска по 14 часот во седиштето на ЕУ во Скопје треба да оствари средби со лидерите на политичките партии. Тој ќе има одвоени средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети. Претходно ќе се сретне и со лидерите на другите партии на Албанците кои освоија пратенички места на последните избори.

Претходно, Хан ќе учествува на регионалниот состанок на  министрите за надворешни работи, енергетика и економија од шест балкански држави (Македонија, Косово, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) во организација на  Министерството за надворешни работи.

Досегашните искуства од сите претходни посети и средби на Хан со македонските политички лидери не донесоа некои позитивни искуства или решенија на политичката криза, која трае веќе две години.

 

АКО.мк