Европарламентарците веруваат дека ќе има фер избори

Без новинарски прашања, тројцата европарламентарци на прес конференција ги соопштија своите впечатоци по средбите со лидерите на политичките партии.

Политичките партии се подготвени за фер и транспарентна трка, а изборите ќе можат да се одвиваат во атмосфера на доверба и транспарентност, е оцената на Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Еудард Кукан .

Тие сметаат дека сите партии покажале оптимизам во однос на резултатите што ги очекуваат да ги постигнат. Задоволни се што постои дух на соработка помеѓу двете главни партии и нивните лидери за избегнување инциденти за време на изборната кампања. Велат дека имаат добра причина да веруваат дека изборите на 11 декември ќе бидат фер и транспарентни и дека ќе претставуваат почеток на едно ново време за Македонија. По изборите ќе дојде време за признавање на резултатите о и продолжување со реформите дефинирани во Пржинскиот договор за што има консензус меѓу партиите, изјави европратеникот Вајгл, кој е и известувач за Република Македонија во Европарламентот.

Тој информираше дека денеска имале средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која тие ја пренеле поддршката од ЕУ.

Овие избори ќе бидат набљудувани од ОБСЕ/ОДИХР кои се, а тројцата европратеници изразија надеж дека граѓаните на 11 декември ќе излезат во голем број да гласаат.