Европската ракометна федерација ги објави 21 екипи што добија директно место во групите од ЕХФ лигата на шампионите за сезоната 2019/2020. На таа листа се најде и Вардар, актуелниот европски првак.

„Црвено-црните” ќе играа во А или Б групата, што според квалитет се најсилни. На 27 јуни ќе биде извршена ждрепката кога ќе бидат и познати нашите ривали.

Според пропозициите на ЕХФ, на секоја земја и следува право на едно место во ЛШ за кое сепак националната федерација треба да се пријави. Доколку некој клуб сака да игра во групите од ЛШ, а не е првак тоа може да го стори со пријавување преку сопствената федерација. Потоа ЕХФ разгледувајќи осум други критериуми решава дали и тој клуб може да биде вклучен.

Од бројот на пријавени клубови потоа се одредува дали ќе има потреба од квалификации.
Останува истиот систем на натпреварување, со две групи со по 8 екипи, и плус уште две групи со по 6 екипи.

Покрај Вардар, директно место во групната фаза од ЛШ добија и следниве клубови
Mешков Брест – Белорусија
Загреб – Хрватска
Алборг – Данска
Барселона – Шпанија
Кокс – Финска
ПСЖ – Франција
Фленсбург – Германија
Веспрем – Унгарија
Селфос – Израел
Елверум – Норвешка
Келце – Полска
Порто – Португалија
Динамо Букурешт – Романија
Чеховски Медведи – Русија
Целје – Словенија
Кадетен Шафхаузен – Швајцарија
Татран Прешов – Словачка
Савехоф – Шведска
Бешикташ – Турција
Мотор Запорожје – Украина

Дополнително место во ЛШ бараат и:
ГОГ – Данска
Бидасоа – Шпанија
Монпелје – Франција
Нант – Франција
Шамбери – Франција
Кил – Германија
Магдебург – Германија
ПИК Сегед – Унгарија
Еш – Луксембург
Еурофарм Работник – Македонија
Металург – Македонија
ОИР Арендал – Норвешка
Висла Плоцк – Полска
Спортинг – Португалија
Кристијанштад – Шведска