Евтиниот роаминг во ЕУ не важи за граѓаните кои доаѓаат од други земји

Евтиниот роаминг во земјите членки на Европска Унија, кој стартува на 15 јуни, не може да го користиме кога ќе претстојуваме во некоја од овие земји. Таа привилегија ќе им биде достапна само на оние кои живеат во 28 земји членки и на жителите на Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Како турист или некој кој нема некаков доказ дека живее во овие земји, ќе ги плаќаме истите стари и скапи цени на роамингот. Дури, нема да може да купуваме и СИМ картички, а доколку сакаме да комуницираме непречено со своите најблиски или заради други потреби, остануваат бесплатните WI-FI зони.

Странските медиуми шпекулираат дека сега на сцена ќе стапат нови полулегални бизниси. Предвидуваат дека на туристите кои доаѓаат, ќе им се нудат во туристичките пакети и европски мобилни картички.

Во јуни, според новите правила, во земјите членки на ЕУ стапуваат значително пониски цени за роаминг што ќе ги користат жителите на овие земји во меѓусебна комуникација, а за 5 години тој ќе стане целосно бесплатен, односно ќе биде дел од вообичаената цена за мобилни услуги.

АКО.мк,агенции