Еден месец пред локалните избори не се објавени сите имиња за кандидати за градоначалници

До локалните избори на 15 октомври има точно 35 дена, но политичките партии уште калкулираат со кандидатите за градоначалници. Избирачите се уште не знаат за кои личности ќе може да гласаат бидејќи партиите своите адути или ги кријат, чекајќи политичкиот противник да објави, или пак водат внатрепартиска борба за тоа кој да биде кандидат.

За општина Центар доега ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту СДСМ, не излегоа во јавност со имиња. Своите адути двете партии се уште ги кријат и за Крива Паланка, Куманово, а едните калкулираат за Прилеп, другите за Битол. Двете партии не објавија кои се нивни кандидати за Гевгелија.

ВМРО ДПМНЕ има проблем со Охрид, бидејќи ниовниот потенцијален кандидат, актуелниот граданочалник, Никола Бакрачески, се откажа од трката.

Од политичкиот блок на партиите на Албанците, познато е само дека Арбен Таравари ќе биде кандидат за градоначалник на Гостивар од партијата на Зијадин Села.

ДУИ нема објавено ниту едно име досега.

СДСМ досега ги објави имињата на следните кандидати за градоначалници: Петре Шилегов кандидат за градоначалник на Скопје, Наташа Петровска за Битола, Бетиан Китев-Кавадарци,  Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром, Велимир Смилевски за општина Бутел, Борче Георгиевски во општина Гази Баба, Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев во општина Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во останатите општини во Македонија потврдени се следните кандидати: за општина Арачиново – Миликије Халими, Aце Коцевски-Велес. Богданци – Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово, – Перо Костадинов, Вевчани – Сашо Јанкоски, Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево – Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево –Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Св. Николе – Сашо Велковски, Сопиште – Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски, Жаклина Јовановска-Старо Нагоричане,  и за општина Штип – Благој Бочварски.

ВМРО ДПМНЕ досега ги објави имињата на следните кандидати:Марјан Бајрактаров-Струмица, Ивица Коневски-Аеродром, Николче Чурлиновски- Вландово, во Прилеп за уште еден мандат ќе се кандидира Марјан Ристески, за Брвеница Стојан Тодороски, Демир Капија  актуелниот градоначалник Трајче Димитриев.

За општина Новаци ќе се кандидира Лазар Котевски, инаку актуелен градоначалник, а за општина Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски, поранешен државен секретар во Министерството за надворешни работи и директор на Агенцијата на државни патишта.

За градоначалничка на Гостивар ќе се кандидира Дафина Стојаноска, а за градоначалник на Тетово – Горан Манојлоски. И двајцата кандидати се актуелни пратеници.

Во Радовиш и Вевчани за нов мандат ќе се кандидираат Сашко Николов и Цветомир Угриноски.

Извесно е дека за Скопје повторно ќе трча Коце Трајановски.

Независни кандидати, собрани потписи и доставени кандидатури за: Битола, Брвеница, Валандово, Вевчани, Градско, Дебарца, Дојран, Зрновци, Кавадарци, Маврово и Ростуше, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Центар, Чашка и Чучер Сандево.

АКО.мк