Еден од најгласните противници на ЛГБТ заедницата во Унгарија присуствувал на геј оргија во Брисел

Унгарскиот европратеник Јозеф Жајер, кој доаѓа од ултрадесничарска политичка партија блиска до партијата на Виктор Орбан, утрината е уапсен откако се обидел да избега по полициската рација која влегла во кафуле да растури геј оргија по анонимна пријава.

Полицијата прекина секс забава на која присуствувале 25 луѓе, меѓу нив унгарскиот европратеник, други политичари и дипломати.

Сите тие биле на геј оргија, наведуваат неколку унгарски портали, а пронајдено е големо количество дрога и алкохол.

Полицијата ги обвинува за кршење на мерките за корона вирус.

Унгарскиот европратеник признал дека бил во кафулето, но негирал дека користел дрога.

Тој поднесе оставка и побара да го сфатат ова како негова лична слабост. Жајер се обидел да избега од задната врата на кафулето кога влегла полицијата.

Им се извини на семејството, партијата и јавноста во Унгарија без да го спомне секс скандалот за кој пишуваат белгиските медиуми, туку за кршење на ковид протоколите.