Еден од најперспективните фудбалери на ,,Академија Пандев“ загина во сообраќајна несреќа

Филип Лазаревски, младински репрезентативец и член на ,,Академија Пандев“ од Струмица, изминатата ноќ загинал во сообраќајна несреќа која се случила на патот Габрово – Банско, известуваат повеќе спортски портали. За несреќата СВР Струмица била известена во текот на денот околу 13 и 30 часот од лице кое ги пронашло двете тела покрај мотор крај патот. Од полицијата известуваат дека е констатирано дека најверојатно по пад од мотор загинале 15 годишник и 23 годишно момче.

Петнаесетгодишното момче, еден од двајцата загинати во сообраќајната несреќа која се случи синоќа на патот Габрово – Банско, е член на ФК „Академија Пандев“ од Струмица.

Тие на официјалната  ФБ страница  напишаа:

„На најтажниот ден во христијанството не напушти… Болката никогаш нема да престане… Засекогаш ќе бидеш дел од нас. Почивај во мир…“, пишува на официјалната Фејсбук страницата на ФК „Академија Пандев“.

Загинатото 15-годишно момче било еден од најперспективните млади фудбалери на ,,Академија Пандев“.

СВР Струмица ги истражува причините за оваа тешка сообраќајна несреќа.