Единствениот весник на македонски јазик во Албанија достапен и во електронска верзија

По пет години постоење во печатена верзија, единствениот весник на македонски јазик кој се издава во Албанија од македонското друштво ,,Илинден “ од Тирана, од денска ќе биде достапен и во електронска верзија.

Основачот Никола Ѓурѓај вели дека на овој начин сакаат да ја промовираат културата, традицијата, но и да проговорат за проблемите на сите Македонци што живеат во Албанија.

Неодамна ова здружение покрена кампања во Албанија,,,Изјасни се за Македонец“, како одговор на се погласните обиди на бугарски пратеници и политичари да го негираат постоењето македонска нација во Албанија и да го прогласуваат за бугарско.

Електронското издание на весникот може да се најде на следната адреса-vesnik-ilinden.com