Единственото ТВ интервју на Мира Марковиќ за BBC беше непријатно и за неа и за новинарот(видео)

Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ, за многумина важеше за глава во семејството, некој што ги контролира сите потези на својот авторитарен сопруг. Во 2001 година таа го даде своето единствено интервју за било која телевизија по апсењето на Слободан Милошевиќ и пред нејзиниот егзил во Русија, каде почина пред три дена во 76 година од животот. Интервјуто го правеше новинарот на Би-БИ-Си Тим Себастијан во седиштето на нејзината партија ЈУЛ. Во интервјуто Мира Марковиќ остро му се спротиставува на незгодните прашања, а на крајот на интервјуто му држи лакција за ,,пристојно однесување“ на британскиот новинар, стана и си замина без да се поздрави.

Мирјана Марковиќ беше бескомромисна и нетолерантна за време на својот живот. Ќе биде погребана покрај својот сопруг Слободан Милошевиќ во семејната гробница во дворот на нејзината родна куќа во Пожаревац.