Еди Рама во летната резиденција пречекува гости бос и во бермуди

Новинарот на престижната европска телевизиска мрежа „Euronews“, Џек Парок, објави заедничка фотографија со албанскиот премиер Еди Рама, направена за време на интервју во владината вила во Дермија.

На новинарот најголемо внимание му привлече облеката на премиерот Рама. Во неговата порака, тој со следбениците споделува фотографија со Рама, сликана пред скали на која Рама воопшто не е протоколарен.

Бос и во куси панталони, албанскиот премиер уште еднаш покажа дека не внимава на формалноста.

Токму тоа го натера познатиот новинар да му посвети статус на „Твитер“, а меѓу другото пишува дека Рама ги пречека „пријателите“ бос и во кратки панталони.

„Ова не беше вообичаено политичко интервју. Премиерот на Албанија нè прими во неговата летна резиденција, бос и во кратки панталони. Нашето интервју се фокусираше на потенцијалот на Албанија за започнување на разговорите за пристапување во ЕУ. Интервјуто ќе се емитува во Euronews во наредните денови “, пишува новинарот.

Извор: Весник-Илинден