Еди Рама ги присвои водопадите на Лешница и ги смести во Албанија

Со фотографија од прекрасните Кривошијски кади, албанскиот премиер, Еди Рама, се пофали со природните убавини на Албанија.

Преубавата Албанија. Кањонот на Лешница,-напиша Рама на својот ФБ профил и постави фотографија од прекрасните водопади на реката Лешница на Шар Планина.

Фотографијата е од т.н. Кривошијски кади.

Секако оваа фотографија од кањонот на Лешница на падините на Шар Планина, многумина ја сфатија како провокација, а некои од Македонија му укажаа и го упатија да научи географија.

Лешница е на удар на инвеститорите кои сакаат да градат мали хидроцентрали, па оваа фотографија беше дел од репортажата на Слободен Печат.