Еди Рама ги советува лидерите на Беса и Алијанса на албанци за постизборните чекори

Медиумите на албански јазик јавуваат за средби на лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија со премиерот на Албанија Еди Рама. Рама не крие дека разговараат за идните чекори во постизборниот период . Вакви средби во Тирана се одржани со лидерот на Беса, Билал Касами, со Зијадин Села од Алијансата на Албанците, а се очекува средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Рама нагласил дека на средбите е разговарано за состојбата после изборниот процес во Македонија, но не кажал дали им е дадена насока на албанските партии кои добија мандати, со кого и како да коалицираат.

Али Ахмети не се појавил на две закажани средби, наводно заради презафатеност.