Се уште нема реакции од ниту еден од новите 120 пратеници во Собрание на РМ , на предлогот на пратеникот Едмонд Адеми од СДСМ да ги донираат своите први плати на социјално-загрозени семејства.
Имено, тој на својот ФБ профил напиша:
,,Наскоро изминуваат 30 дена од конституирањето на Парламентот. Бидејќи за овие 30 дена пратеници не заседаваа, чесно е првата плата, сите 120 пратеници, да ја дадат/донираат на сиромашни семејства, а ги има многу, кои во овие екстремно ладни зимски денови поминуваат низ тежок период. Ова секако нема да им го реши проблемот, но верувам колку толку ќе го ублажи.”-напиша Адеми.
Но, освен поддршка на социјалните мрежи и лајкови, останатите 119 пратеници се уште не се изјаснуваат за оваа идеја на Адеми.
Новите пратеници положија заклетва непосредно пред Нова Година, декември 2016, а сега се уште тече рокот на преговори за состав на нова Влада, заради што Собранието не заседава.
АКО.мк