Едмонд Темелко е уапсен во центарот на Скопје

Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец по кого беше распишана централна и меѓународна потерница,попладнето е уапсен во центарот на Скопје.

Со полициска придружба денеска ќе биде пренесен во истражниот затвор „Скопје“ каде ќе одлежи 30 дневен притвор. Темелко е еден од осомничените во случајот на СЈО „Титаник“, а вчера Основен суд Скопје 1 го прифати предлогот на СЈо за одредување притвор.