На денот на загинувањето на младата вљубеничка во планините и природата, Калина Велевска, беше промовирана книгата ,,Дневникот на една планинарка.

МКЦ беше претесен да ги собере пријателите и роднините на Калина и Александар кои сакаа да си спомнат и да им одадат почит на овие млади луѓе, кои своите животи ги оставија на Кајмакчалан, во тој студен 10 февруари, 2018 година.

Сѐ уште целосно не се разјаснети околности под кои загинаа овие млади луѓе, кои заедно со група планинари тргнаа да го освојат врвот Клепа.

Книгата содржи избор од текстови што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји.

Калина Велевска (1990), дипломирана правничка, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.