Една милијарда евра помош за Албанија, Македонија донираше 100.000 евра

Денеска во Брисел се одржа донаторска конференција за Албанија за санирање на штетите од неодамнешниот земјотрес.

Најголем донатор е Европска Унија која издвои на самиот старт 100 милиони евра.

На донаторската конференција учествуваа и земјите партнери на западен Балкан, меѓународни финансиски институции и земјите од Западен Балкан.

Од овие земји Србија најави најголем износ на донација од 2 милиона евра, Хрватска еден милион евра, Црна Гора и Косово по 500.000 евра, Македонија 100.000 евра и Босна и Херцеговина 50.000 евра донации, известува Ал Џезира Балканс.