Во контекст на јавнат трибина за изнаоѓање на решенија за спас на Препанското Езеро, Министерството за животна средина и просторно планирање го сподели со јавноста извонредниот филмски проект на Љубо Стефановски и Тамара Котевска „Езеро од јаболка“. Двоецот кој со својот документарен филм ,,Медена земја“ беа во конкуренција за Оскар во овој жанр, но и за најдобар странски филм.

Во нивниот најнов филм се прикажани еколошките предизвици на Преспанското Езеро и позитивните ефекти постигнати преку имплементација на низа добри практики во текот на 15 години.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMOEPPMKD%2Fvideos%2F348868176261020%2F&show_text=0&width=560

Филмот е изработен со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Швајцарската Агенција за развој и соработка и е приказна за успешноста на петнаесетгодишниот проект за заштита на Преспанското Езеро кој се спроведувал во партнерство на Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, општина Ресен и Швајцарската агенција за соработка и развој.