Синоќа, на Филмскиот фестивал во Рим се случи гала светската премиера на филмот „Врба“ од Милчо Манчевски.


Премиерната проекција во салата Петраси беше полна. Публиката во салата со аплауз ги дочека актерките и режисерот.


По завршувањето на филмот, неочекувано публиката стана направи круг околу филмската екипа и френетично цели пет минути аплаудираше со извици: Бравоооо!


Актерките Сара Климовска, Наталија Теодосиева и Камка Тоцинова, го свртеа вниманието на себе пред светските медиуми, кои будно со своите камери го проследија секое нивно движење на црвениот килим.


Куриозитетно е што беа извикувани нивните имиња од италијански фанови, кои беа наредени од страната и ги повикуваа да направат фотографии со нив и со режисерот Манчевски, кој е миленик на италијанските филмофили, а неговите филмови се вклучени во школската лектира.

Фотографиите се преземени од официјалната ФБ страница на ,,Врба“