Eкологисти од Ресен направија песна и спот што се однесува на животната средина.

Првата авторска песна на бендот ,,Реприза“ е со конкретна еколошка, воспитна и образовна порака.

Песната се вика ,,Засукај ракави“.

„Ова е парче земја што ни припаѓа нам“ е првиот стих на песната „Засукај ракави“.

Ние сме дел од оваа планета, сме се адаптирале на климата, гравитацијата, природата и така сме станале дел од целиот еко систем.

Со тек на време тоа се менува и почнуваме да се однесуваме како да сме поважни од природата, а не дел од неа. Во последно време се оди до таа мера да ја тестираме толеранцијата на планетава кон нас, a сведоци сме дека тоа ни се враќа со сериозни последици. Моќта на природата е посилна од човечката.

Ние ја имаме таа привилегија да живееме во прекрасни услови за живот, а сепак за разлика од сите живи суштества сме единствените кои не се грижат за околината во која живееме, е поракат на овие млади луѓе.

,,Ние како бенд решивме да ви отсвириме неколку стихови кои можеби ќе не поттикнат сите заедно да „Засукаме ракави“ и да придонесеме за подигање на свеста за подобрување на условите во кои живееме. Сметаме дека оваа песна е предупредување. Некоја искрена сила која допрела до нас и не инспирирала да ви ја пренесеме пораката што ја носиме во себе.Ние сме Реприза и ви ја презентираме песната „Засукај Ракави“, нашиот прв сингл и ве повикуваме на еколошка револуција на „ова парче земја“ велат членовите на бендот.