,,Економист“ ја класифицираше Македонија на осмо место во светот според ,,одлив на мозоци“

Британскиот ,,Економист“, на својот Инстаграм профил објави графикон на ,,одлив на мозоци“, метафора за масовно иселување на високо-образовани и талентирани луѓе во светот.

Според истражувањето на угледниот економски магазин, Македонија се наоѓа на неславното осмо место.

Од регионот пред нашата земја се Босна и Хрватска, а по Македонија е Србија на десетто место.

Според податоците во Извештјот за глобална компетитивност за 2018 година, на ранг листата со бодување од 1, сите талентирани луѓе ја напуштаат својата земја, до 7, талентираните остануваат во својата земја, Македонија со 2,3 поени е на високото неславно осмо место во светот.