Економијата приоритет во програмата на СДСМ

Зоран Заев претседател на СДСМ, при денешната посета на Велес рече дека е задоволен што Собранието е распуштено, а изборите распишани. Тој очекува официјално да биде доставен избирачкиот список до ДИК, за да се види како тој изгледа по неговото прочистување. Но, според него најважни ќе бидат економските мерки што ќе ги понудат за излез од сиромаштијата. Затоа, изборната програма се темели на мерки за подобрување на условите за работа на малите претпријатија и подобрување на стандардот на граѓаните, рече Заев.