Економскиот раст само до два процента

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде ограничен на 2 процента, пред се заради продолжувањето на политичката криза. Ова е последната проекција на Светска банка која ги објави проекциите и за наредните две години. Па така, се очекува 2017 година да има економски раст од 3,3, а за 2018 се прогнозираат дури 3,7 проценти.

Во најновиот извештај на Светска банка стои дека -,, Политичката ситуација останува главен ризик фактор на краток рок, додека зголемениот фискален ризик поради брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на среден рок.“

Препорака на оваа меѓународна институција е дека мора да нсе работи на спроведувањето на фискалната консолидација, потоа да се поддржува политиката на фискална одржливост и најважно во моментот е стабилизирање и намалување на јавниот долг.

Кај земјите во регионот се предвидува Косово да има најголем раст, оваа и наредната година со 3,6 проценти и 3,9 проценти.

Хрватска годинава ќе ја заврши со 2,4 проценти раст на економијата, следната два и во 2018 година 2,4 проценти. Во БиХ за годинава растот е проектиран на 2,8 проценти, следната 3,2 и за 2018 година 3,7 процнети. Во Србија 2,5 проценти годинава, следната 2,8 и во 2018 година 3,5 проценти. Во Албанија растот на БДП годинава ќе биде 3,2 процента, следната 3,5 и во 2018 година 3,5 проценти. Во Бугарија растот на БДП ќе биде 2,7 проценти, следната 2,9 и во 2018 година 3,1 процент. Во Црна Гора растот на економијата за годинава според Светска банка ќе биде 3,2 проценти, следната 3,6 и во 2018 година 3 проценти.