Ексклузивни фотографии од свадбата на Мухамед Зеќири и Бисера Јордановска на која Зоран Заев беше кум

Премиерот Зоран Заев му беше кум на свадбата на потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зеќири.

Зеќири се ожени со својата долгогодишна љубов, Бисера Јордановска.

Мухамед Зеќири и Бисера Јордановска пред судбоносното ,,ДА“ , премиерот Зоран Заев беше кум на свадбата

Мухамед и Бисера ја крунисаа со брак својата долгогодишна љубов, која трае уште од времето кога таа беше директорка на АлсатМ, а Тој главен и одговорен уредник.

Кумовите Заеви со среќните младенци

Инаку, на двајцата младенци ова им е втор брак. Зеќири има две ќерки од првиот брак, а Јордановска син.

Сега очекуваат заедничко дете, како што напиша порталот Журнал.мк

(Им честитаме на Бисера и Мухамед и благодарност до мојот поранешен колега за ексклузивните фотографии од неговиот приватен фото албум)

Ако.мк и Емилија Лазаревска