Експлозија на гас во Шпанија, 90 повредени

Експлозија на сад за гас во кафетерија во Шпанија повреди 90 луѓе, од кои петмина се во тешка состојба.

Експлозијата се случи вчераноќ во центарот на Велес, град со околу 30.000 жители на триесетина километри источно од Малага, на југот на Шпанија, додека поголема група луѓе го славеле локалниот празник.

После експлозијата се случила паника затоа што многумина помислиле дека во тек е тероростички напад.

Според информациите добиени од локалните медиуми, еден од вработените во кафетеријата видел оган над садот за гас и повикал, но немало време луѓето да побегнат пред да се случи експлозијата од која целосно е уништен излогот на локалот и се расфрлани маси и столици.