Електорите одлучуваат за или против Трамп

Членовите на Изборниот колегиум, односно  538 електори од сите сојузни држави, ќе го каѓат последниот збор-кој конечно ќе биде Претседател на САД.

На изборите на 8 ноември, Хилари Клинтон го надмина републиканскиот противник во вкупниот број гласови за два процентни поени, но одлучувачки беше тоа што Трамп победи во повеќе држави и така освои 306 електори наспрема 232 кои ги освои неговата противкандидатка, што му донесе победа.

Комплицираниот американски изборен модел уште еднаш ќе го стави на тест изборот на претседателот, атоа значи дека сите електори гласаат по своја волја, односно тие немаат  уставна обврска да ја следат волјата на избирачите.

Член на електорскиот колегиум и тоа од Републиканската партија веќе се изјасни јавно дека не може да гласа за Трамп.

 

Наместо да го даде гласот за Доналд Трамп, член на електорскиот колегиум си поднесе оставка. Во интервју за DW тој објаснува зошто неговата совест не му дозволила да му помогне на Трамп да стане претседател.

ДВ: Што придонесе да одлучите дека не можете да го дадете гласот за Доналд Трамп?

Арт Сиснерос: Кога бев избран да ја извршувам оваа благородна позиција сфатив дека не разбирам многу за историјата на истата, па затоа почнав да истражувам кои се одговорностите на електорите при формирањето на електорскиот колегиум и открив дека тие треба да гласаат според својата совест, а не по секоја цена како што е волјата на мнозинството на гласачи. Тие биле избирани како претставници кои гласале според својата совест.

Кога сфатив дека тоа била историската улога на електорите, се прашав себеси: „Што ми наложува мојата совест?“ Како христијанин сфатив дека морам да се водам по Библијата и да видам што вели за тоа за кого треба да гласам и дали се осврнува на гласањето. Открив дека се осврнува и дека дава специфични насоки за тоа каков тип на личност треба да избереме и сфатив дека Трамп не ги исполнува тие квалификации.

Од вашето христијанско гледиште, на кој начин Доналд Трамп не ги исполнува квалификациите за претседател?

Тие се доста едноставни и не се екстремно сложени. Според нив, тоа треба да биде човек кој се плаши од Бог, кој владее правично и фер според стандардите на Бог и тоа значи дека не фаворизира одредени групи на луѓе или пријатели. Тоа значи дека законот е еднаков за сите луѓе. Тоа значи дека не крадеме од луѓето и дека не ја користиме власта за сопствени цели.

Можете да видите дека дури и како бизнисмен тој ја корител владата и лобирал на нефер начин за да оствари лична корист. Тој користеше влијаније за да добие туѓа приватна сопственост за сопствениот бизнис. Тој е индивидуа која го искористи своето влијание за сопствена предност. Го разбирам зошто го прави тоа, но тоа значи дека не сметам дека како човек со моќ тој ќе се однесува кон сите фер.

Имаше ли конкретен момент кој ја предизвика вашата одлука или тоа беше процес?

Тоа беше повеќе процес. Тој е ист. Ништо не се промени кај Трамп од пред една година, од пред шест месеци и денес. Тоа беше процес според моето убедување за кого треба да гласам. Откако тој стандард беше јасно поставен во мојот ум, од тогаш во ниту еден момент Трамп не се квалификуваше за таа улога. Промената не беше толку кон Доналд Трамп колку што беше во моето разбирање за тоа кои се квалификациите.

Многумина од електорите тврдат дека се под страшна закана и притисок и дека добиваат пораки полни со омраза, па дури закана по живот.