Електричен спој го испразни училиштето ,,Димитар Миладинов”

Општина Центар ја информира јавноста дека во основното училиште “Димитар Миладинов“ настанал краток спој на електричната разводна табла, при што се појави чад и искрење.

Општината веднаш испрати екипа за утврдување на фактичката состојба, а од страна на одговорните лица во училиштето инсталацијата е веднаш исклучена. Стручно лице ја утврдува причината за настанатиот спој и го санира оштетувањето на таблата.

Општина Центар ја информира јавноста дека безбедноста на учениците и персоналот не беше доведена во опасност, ниту пак постоеше можност од ширење на пожар.

Во моментов, исклучена е струјата во училиштето, до отстранување на дефектот и поради тоа учениците денеска се ослободени од настава и пуштени дома.