Чест е да се биде дел од овие елитни единици кои се столб на МВР, вели министерот Оливер Спасовски. Тој присуствуваше на нивните вежби.

,,Мотивацијата да бидете дел од специјалните единици е посилна од овие тешки обуки затоа што тоа го правите со желба да обезбедите мир и безбедност на нашите граѓани. Она што го правите е од исклучителна важност и мотив за нас како раководство на МВР да овозможиме што е можно подобри услови за работа и тоа го правиме во изминатите години“-рече Спасовски пред специјалците..