Во Нион денеска од 13 часот ќе се одржи и ждрепката за четвртфиналните двојки во Европа лигата, Англија и Шпанија имаат по два претставника, Италија, Германија, Чешка и Португалија по еден.

Во четвртфиналето секој може да се сретне со секого , можни се шпански и англиски двојки, Челзи и Арсенал се претставници на Англија, Валенсија и Виљареал на Шпанија. Наполи на Италија, Бенфика на Португалија, Ајнтрахт на Германија и Славија Прага на Чешка.